Узбекистан и Туркменистан се опоравуваат од бурата
![Узбекистан и Туркменистан се опоравуваат од бурата](https://gdb.rferl.org/2345FCB2-99D3-4557-86B4-B018EE6F64C0_cx0_cy3_cw0_w800_h450.jpg)
Големи делови на западен Узбекистан и северен Туркменистан се опоравуваат по бурата која ги зафати земјите и ги оштети земјоделските поседи. Бурата која траеше три дена ја однесе и солта од исушените поранешни делови на Аралското Море на полињата на фармерите и овошните дрвја при што се стравува дека ќе бидат уништени многу култури. Поради невремето беа откажани и летови на аеродромот Ургенч.