Сите предлози за решавање на спорот за името се во игра
![Сите предлози за решавање на спорот за името се во игра](https://gdb.rferl.org/F32CE94C-8D9E-4293-9D40-D62C1886E4FB_w800_h450.jpg)
Се уште се отворени сите можни опции за решение за името. Ниту едно име од предложените не е фаворизирано и се уште се разговара, јавува МИА од високи извори на Владата. Во нарадените денови ќе биде познат датумот за средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на која ќе бидат финализирани клучните детали за решението. Според владините извори, останува динамиката и тајмингот на конечно надминување на разликите околу името.