Лавров утре оди во Северна Кореја
![Лавров утре оди во Северна Кореја](https://gdb.rferl.org/EA75DDC9-4760-4A3E-9CF0-1523666BC279_w800_h450.jpg)
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре ќе престојува во официјална посета на Северна Кореја, каде со својот севернокорејски колега Ри Јонг-хо ќе разговара за ситуацијата на Корејскиот Полуостров, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Испланирани се разговорите на двајцата министри и тие ќе се фокусираат на актуелните проблеми и ќе разменат мислења зџа ситуацијата на Корејскиот Полуостров и други главни меѓународни и регионални проблеми“, се наведува во соопштението на руското МНР. Шефот на севернокорејската дипломатија за време на посетата на Мосва во април го покани Лавров да го посети Пјонгјанг