Заев ја потврди временската рамка - референдум за името наесен
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека не е договорено конкретно име, но дека двете земји никогаш не биле поблиску до договор. Временската рамка за решавање на спорот објавена во медиумите делумно ја потврди и најави оти важниот разговор со Ципрас треба да се случи до петок.