ВМРО-ДПМНЕ: Една година СДСМ е една година стагнација
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ оценува дека главните обележја на едногодишното владеење на владата предводена од премиерот Зоран Заев се лагите, расипништво и економско пропаѓање. На денешната прес конференција Владо Мисајловски изјави дека животот дошол само за фамилијата на премиерот и за функционерите на СДСМ, додека пак „сите останати граѓани се борат за преживување, а државата е клекната на колена“.
„Бесрамно се тргува со највисоките национални и државни интереси за да се покрие неспособноста на владата. Една година СДСМ е една година стагнација. Економијата на Република Македонија тоне. Оваа влада ниту има план, ниту знае како да ја води државата“ изјави Мисајловски.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат и за партизираност на институциите, срамни судски пресуди и злоупотреби на буџетот.