Нови можности за формирање влада на Италија
Мандатарот за состав на новата италијанска влада Карло Котарели, по консултација со претседателот на Италија Серџо Матарела, изјави дека се појавиле нови можности за формирање на владата, врз основа на резултатите од парламентарните избори на 4-ти март. Обидот на популистичките партии, десничарска Лига и Движењето на пет ѕвезди да формираат коалициона влада на чело со професорот по право Џузепе Конти, пропадна бидејќи проевропскиот претседател Матарели одби да прифати антиевропски кандидат за министер за економија Паоло Савон.
Веднаш потоа Матарела му го довери мандатот за формирање неполитичка технократска влада која би управувала со земјата до изборите на Котарели, поранешен претставник на ММФ. Меѓутоа, како што јави Асошиејтед Прес, тој денеска изјавил дека се појавиле нови можности за формирање на политичка влада за време на консултациите со претседателот Матарела.