Рускиот новинар Бабченко е жив, се било смислена тајна операција
![Рускиот новинар Бабченко е жив, се било смислена тајна операција](https://gdb.rferl.org/2B9414FD-05CE-4D8B-8235-5208F2676470_w800_h450.jpg)
Шефот на Службата за безбедност на Украина (СБУ) изјави дека рускиот новинар и критичар на Кремљ, Аркадиј Бабченко, е жив и дека целиот случај со неговото „убиство“ била специјална операција.
"Ние спречивме обид за убиство на Бабченко со спроведување на специјална операција", рече Храјцак на брифингот во седиштето на СБУ во Киев.
Бабченко денеска се појави на истиот брифинг на СБУ, што се емитуваше во живо, и рече дека „фиктивните извештаи за неговата смрт биле дел од операција која била подготвена пред два месеци“ и ѝ се заблагодари на украинската безбедносна служба за „спасување на неговиот живот“.
Киевската полиција и официјални лица од украинското Министерство за внатрешни работи на 29 мај објавија дека Бабченко починал на пат кон болница, откако бил застрелан во неговиот стан во Киев, каде што живеел во егзил од август 2017 година.
Украинскиот премиер Володимир Хројсман на 29-ти мај рече дека е "убеден дека руската тоталитарна машина не може да ја прости својата искреност и принципиелна позиција".
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека наводите за руски план за атентат биле дел од кампањата против Русија.
Александар Бортников, шеф на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), рече дека украинските обвинувања за заговор за ФСБ „биле глупости и провокација“.