Папата го прогласи апостолскиот егзархат во Македонија за епархија
![Папата го прогласи апостолскиот егзархат во Македонија за епархија](https://gdb.rferl.org/0A15C275-F188-4AB4-8584-44983EB79601_w800_h450.jpg)
Папата Франциско го воздигна во Епархија под наслов „Успение на Пресвета Богородица во Струмица - Скопје“ досегашниот Апостолски егзархат во Македонија, воспоставен во 2001 година.
Веста за чинот на воздигнувањето, како што информира Епархијата, е објавена денеска напладне во Ватикан, како и во Република Македонија од апостолскиот нунциј Монс. Анселмо Гвидо Пекорари.
За прв епарх на новооснованата Епархија е именуван досегашниот скопски бискуп Киро Стојанов.