Куршум погодил прозорец во касарната „Илинден“
Во касарната „Илинден“, во еден од хангарите заталкан куршум непознат калибар, испукан од непознато оружје, паднал на прозорското стакло од куќарката пред хангарот и го скршил, по што проектилот се заглавил во другото прозорско стакло. Како што соопшти МВР, настанот се случил околу 23 часот, а бил пријавен се случил во 23.35 часот. Повредени нема, а од страна на полициски службеници од СВР-Скопје било излезено на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.