Адвокатот на Трамп: Семејството и САД ми се на прво место
Личниот адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп, Мајкл Коен изјави дека има намера да " ги стави на прво место семејство и земјата", што сугерира дека тој може да биде подготвен да соработува со федералните обвинители. Коментарите на Мајкл Коен, дадени во интервју објавено денеска , би можеле потенцијално да сигнализираат нови правни проблеми за Трамп, кој се бореше да ги задржи илјадниците записи што ги запленија иследниците од рацете на обвинителите. "Мојата сопруга, мојата ќерка и мојот син се прв приритет и секогаш ќе бидат ", изјави Коен, кој еднаш рече дека ќе направи се за Трамп.
Агентите на ФБИ во април извршија рација во канцелариите на Коен, кој е личен адвокат на Трамп повеќе години, односно 4 години пред Трамп да победи на изборите во 2016 година.