Законот за рудниците заглавен во собраниските лавиринти
![Законот за рудниците заглавен во собраниските лавиринти](https://gdb.rferl.org/BA008FDB-F15E-4BC9-AFCE-A050F6D0E87F_w800_h450.jpg)
Собранието чека мислење од Владата за измените на Законот за минерални суровини, со кои е предвидена забрана на експлоатација на руди со користење на опасни материи. Еколошки здруженија сметаат дека Законот е заглавен во собраниските лавиринти поради притисоци од рударското лоби.