Мета побарал од Трамп поголемо присуство на САД во Западен Балкан
![Мета побарал од Трамп поголемо присуство на САД во Западен Балкан](https://gdb.rferl.org/8E590A93-4137-4CFE-99EA-6F3736CC5BEA_cx28_cy7_cw72_w800_h450.jpg)
Албанскиот претседател Илир Мета, честитајќи му го на американскиот претседател Доналд Трамп Денот на неависноста на САД, побара од него поголемо американско присуство на Балканот, објавија албанските медиуми.
„Многу е важно да се зголеми присуството на САД во Албанија и регионот на Западен Балкан, како клучен фактор за мирот, стабилноста и безбедноста. Подготвени сме за натамошно зајакнување на стратешкото билатерално партнерство во областа на безбедност и во НАТО и верувам дека под Ваше раководство ќе ги зајакнеме овие врски и ќе ја прошириме нашата соработка во полза на слободата и напредокот на нашите земји и пошироко“, му порачал Мета на Трамп.