Германија депортираше група одбиени баратели на азил
![Германија депортираше група одбиени баратели на азил](https://gdb.rferl.org/5CC25184-2EAB-4278-9D62-2F56D255C01C_w800_h450.jpg)
Германија депортираше 69 Авганистанци чии барања за азил беа одбиени, потврдија германските и авганистанските власти. Авионот во кој беа барателите на азил полета од Минхен, а слета во главниот авганистански град Кабул денеска. Ова е најголема група депортирани откако почнаа директните летови за депортација во декември 2016 година. Берлин депортацијата ја спроведува врз три категории: осомничени терористи, криминалци и поединци кои не соработуваат со германските власти за нивните документи.