Намален бројот на запишани студенти
![Намален бројот на запишани студенти](https://gdb.rferl.org/EADF1FE8-E8FB-4F07-A185-21325A6BE158_w800_h450.jpg)
За два процента е намален бројот на запишани студенти во академската 2017/2018 година во споредба со 2016/2017 година. Податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2017/2018 година се запишале вкупно 56.941 студенти што е намалување во однос на 2016/2017 година.
Поголем е бројот на запишани студентки, односно 55,6 проценти се студентки или 31.669. Најголем број или 85,7 проценти се запишани на државните високообразовни установи, а 13,9 проценти на приватните факултети.
Во прва година на студии запишани се 15.094 студенти или 26,5 проценти. Тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година.