Бугарија, Грција, Романија и Србија ќе прават транспортен прстен
Лидерите на Бугарија, Грција, Романија и Србија на средбата во Солун договориле создавање на заеднички транспортен прстен со кој би се овозможило олеснување на транспортот низ четирите земји.
На заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Виорика Данчила, домаќинот на средбата, шефот на грчката Влада, Алексис Ципрас оцени дека Балканот има динамична иднина, за што е доволно да постои визија, верба, но и храброст.
„Треба да бидеме храбри да направиме чекори напред, дури и ако треба многу пати овие чекори да бидат спротивни на нормалниот тек. Но, со овие чекори само можеме да ги поставиме основите на европскиот Балкан, на демократски Балкан што нема да биде измачуван од секаков вид на национализму, фобиу, интроверзија или инерција, туку ќе биде цврсто ориентиран кон заеднички развој и соработка“, рече Ципрас.