Трајче Ѓорѓиев: И да нема пари ПАНФИЗ и натаму ќе постои!
![Трајче Ѓорѓиев: И да нема пари ПАНФИЗ и натаму ќе постои!](https://gdb.rferl.org/1AB83C96-D7DF-41C5-9C5F-C76BD587B136_w800_h450.jpg)
Со претстави на уметници од соседните Грција, Бугарија и Србија, од 7 до 9 јуни, на малата сцена во МНТ, ќе се одржи 11 издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар ПАНФИЗ, манифестацијата која цела една декада успева да ги прескокне оградите за нејзиното овдешно опстојување.