ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до јануари 2019
![ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија до јануари 2019](https://gdb.rferl.org/AD511295-7E92-45E0-85CB-76634FA6FA0A_w800_h450.jpg)
Европската унија официјално ги прошири економските санкции кон Русија до 31 јануари 2019 година, кои првично беа воведени по руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистите во источна Украина.
Проширувањето денеска беше финализирано и доаѓа откако лидерите на ЕУ едногласно се согласија да ги продолжат мерките за време на самитот на блокот на 29 јуни.
Мерките првенствено се насочени кон банкарскиот и енергетскиот сектор на Русија.
На самитот на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги информираа колегите од ЕУ за состојбата околу имплементацијата на договорите од Минск, на кои се поврзани санкциите.
Договорите од Минск постигнати во 2014 и 2015 година во белорускиот главен град се со цел решавање на конфликтот и повикуваат на серија мерки за прекин на огнот во источна Украина, но не успеаја да се одржат.