Пожарот во Калифорнија се шири, прогласена вонредна состојба
Големиот шумски пожар во северна Калифорнија се шири со голема брзина и веќе зафатил над 2000 хектари, објави Ројтерс.
Според локалните медиуми, во тек е евакуација на околните населби кон кои се шири огнот, a гувернерот на сојузната држава прогласил вонредна состојба.
Пожарот „Кламатон“ избувна во четвртокот и за кратко време се проширил за пет пати, зафаќајќи површина од над 2000 хектари, соопшти калифорниското Министерство за шуми и заштита од пожари.
„Кламатон“ е ден од 30-ината шумски пожари во Калифорнија и низ други сојузни држави во САД, во кои во моментов има многу високи температури и ниска влажност, што им одмага на пожарникарите во гасењето на огнената стихија.