Во сомнителниот пакет пред атинските Судови имало знаме со Виргина и порака за Македонија
Во сомнителниот пакет што денеска во утринските часови бил пронајден пред комплесот судови во Атина имало ќесе со кабли, весник, грчко знаме и знаме со сонцето од Вергина, постер од Белата кула во Солун и слоган за Македонија, објавија грчките медиуми.
Кога бил забележан „сомнителениот пакет“ интервенирал секторот за справување со експлозивни механизми на грчката полиција, под сомнеж дека можеби станува збор за пакет бомба, а делот околу судските објекти бил целосно блокиран.
По полициската интервенција, според грчките медиуми, било јасно дека станува збор за пакет кој наликувал на бомба, но содржел материјал поврзан со грчката област Македонија.