Десетици загинати во поплавите во Јапонија
![Десетици загинати во поплавите во Јапонија](https://gdb.rferl.org/4D6C2D33-CB7D-4DC4-AAB7-A3E5146CCD7C_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Најмалку 48 луѓе загинаа во поројните дождови на југот и на западот на Јапонија, соопштија денеска јапонските власти. Телевизијата ХНК објави дека во невремето загинале најмалку 65 луѓе, а 61 се водат како исчезнати.
Рекордни врнежи од дожд се регистрирани во повеќе области, меѓу кои Хирошима, Кјото и Окајама. Дождот предизвика порои, свлечишта и поплави, а многумина жители останаа блокирани пред почетокот на евакуацијата. Сезоната на поројни дождови секоја година ги погодува руралните подрачја во Јапонија, оставајќи зад себе жртви и голема материјална штета.