Шекеринска – Референдумот е историска шанса и одговорност
![Шекеринска – Референдумот е историска шанса и одговорност](https://gdb.rferl.org/92d7bac9-0a09-44ff-9b51-0c9470f04ac7_tv_w800_h450.jpg)
Ја имаме историската шанса, но ја носиме и историската одговорност. Кога ќе помислиме што сакаме да им оставиме во аманет на следните генерации, убедена сум дека мнозинството граѓани ќе се изјаснат „за“ македонски идентитет, „за“ македонска иднина и „за“ членство во ЕУ и НАТО, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.