СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира Македонија, важен ѝ е само Груевски
![СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира Македонија, важен ѝ е само Груевски](https://gdb.rferl.org/5AAF4DFB-FF88-4311-BF6B-8CAFCC7D4E6E_cx0_cy10_cw0_w800_h450.jpg)
Владејачјата СДСМ денеска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека продолжува со деструктивните политики на штета на граѓаните и државата.
„ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите и се обидува да го кочи напредокот на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО. Нивната пратеничка група последниов период намерно блокира неколку собраниски комисии, на коишто се расправа за реформски закони. ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и постапката за формирање на ДИК, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за иднината на државата“ реагираше денеска СДСМ преку соопштение..
Според СДСМ, „за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се важни граѓаните и државните интереси туку само одбраната на криминалот и судбината на Никола Груевски и фамилијата и затоа постојано измислува нови барања како техничка Влада, амнестија...“.