Меркел му одговори на Трамп: Јас живеев во Германија под Советскиот сојуз
„Имам искуство како е да се живее во делот од германија кој беше контролиран од Советскиот сојуз. Многу сум среќна што денеска сме обединети и слободни во Федерална Република Германија. Поради тоа можеме да кажеме дека ние самите правиме независни политички избори и донесуваме независни одлуки. Тоа е многу добро, посебно за луѓето од истокот на Германија“, рече Меркел.
Таа го бранеше придонесот на Германија во НАТО, откако Трамп изјави дека американските даночни обврзници носат голем товар и дека сојузниците во Алијансата треба да го зголемат учеството во буџетот за одбрана.
„Германија е втора по бројот на војници кои ги дава. Најголем дел од нашиот воен капацитет е понуден на НАТО и досега бевме силно ангажирани во Авганистан. На тој начин ги браниме интересите на САД“, рече Меркел.
