Мицотакис: Им признаа македонска националност и јазик, сега им отвораат врата во НАТО
![Мицотакис: Им признаа македонска националност и јазик, сега им отвораат врата во НАТО](https://gdb.rferl.org/DC56C349-9826-4FF8-85FC-EE8648F83C5B_w800_h450.jpg)
Во Преспа пред три недели Ципрас и Каменос признаа македонска националност и јазик за Скопје, а денес во Брисел ја отвораат вратата за интеграција во НАТО, изјави претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
Тој во изјавата за Самитот на НАТО, остро ја критикуваше грчката Влада и рече дека за предавството што го направиле „народот наскоро ќе им пресуди“.
„Тие го предаваат најсилното преговарачко оружје што го имаше Грција и беше национална линија во последните 27 години. Коалициските партнери во Владата носат тешка одговорност и народот наскоро ќе им пресуди“, рече Мицотакис.