Тачи го смени ставот, Косово сепак има црвени линии
Иако повеќе пати изјави дека во изнаоѓањето решение за споровите со Србија нема црвени линии, денес косовскиот претседател Хашим Тачи го смени ставот и рече дека Косово, сепак, има свои услови во завршната фаза од дијалогот со Белград.
„За косовската страна постои јасна црвена линија, овој процес треба да се заокружи со конечен, историски договор, со признавање од страна на Србија на косовската држава. Секој друг договор е безвреден. Значи договорот ќе биде финален и ќе има меѓусебно признавање“, изјави Тачи.