ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа Декларацијата за членство на Македонија во НАТО
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО, што собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе му ја предложи на Парламентот.
„Би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново. Секогаш вакви декларации ирезолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина“, рече пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.