Вулин со одговор до Заев дека Србија нема исти цели како Македонија
„Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме слобода и самостојност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална и слободна, па макар била и последната земја која не е членка на НАТО пактот“, изјави Вулин.
