Во поплавите во Јапонија 204 загинати и 54 повредени
Во катастрофалните поплави во јапонија загинале вкупно 204, а 54 лица се водат како исчезнати, соопшти генералниот секретар на владата, Јошихиде Суга, објави АП.
Според извештаите на надлежните јапонски институции, во центрите за евакуација се згрижени повеќе од седум илјади луѓе, а во спасувачката операција се ангажирани повеќе од 70.000 војници, пожарникари и полицајци и над 5.000 доброволци.
Оваа поплава, која е последица на големите врнежи кои со денови не престануваа и во која најпогодени се Хирошима и Еџиме, е најголемата во последните 40 години.