Захарова: Лавров засега не ја откажува посетата на Грција
Руското Министерство за надворешни работи сооптши дека ресорниот министер Сергеј Лавров засега не планира да ја откаже есенската посета на Грција и покрај одлуката на Атина да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез на уште двајца.
Грција ги обвини руските дипломати дека се мешале во внатрешните грчки политички прашања, а според грчките медиуми, тие поттикнувале протести против договорот меѓу премиерите на Маједонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас за името.
Портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова изјави дека поканата за средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас била добиена пред неколку месеци и засега се уште се планира за наесен.