Намалена смртноста на новороденчињата
Од 26 на 17 проценти е намалена смртноста на новороденчињата во првите шест месеци од годинава во однос на истиот период минатата година, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).
Тој додаде дека Македонија во моментов има регионален рекорд на преживеано новороденче родено во 23-та недела и три дена.
Филипче истакна дека лани вкупно починале 82 предвремено родени, а годинава 57.
„Ова се должи на инвестицијата на Владата во инкубатори за интезнивната нега на ГАК, во доекипирањето на експертскиот тим, на приемот на нови 20 медицински сестри“, истакна Филипче и нагласи дека Министерството ќе продолжи да инвестира во нова опрема која ќе се користи на интезивната нега во Гинекологија.