МВР има сознанија и за третиот напаѓач на Саздовски
![МВР има сознанија и за третиот напаѓач на Саздовски](https://gdb.rferl.org/4BED3773-6849-4AAA-A5F8-18F9669BC704_w800_h450.jpg)
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на новинарско прашање „дали МВР го пронашло третиот напаѓач на навивачот Никола Саздовски кој беше претепан до смрт и дали е пронајдено возилото од кое излегле напаѓачите“, рече дека возилото и идентитетот на двајца од напаѓачите е утврден уште истиот ден.
„За третиот напаѓач веќе имаме конкретни сознанија и очекуваме многу скоро тоа да се случи“, рече Спасовски и појасни дека кога ќе имаат можност да го обезбедат ќе го обезбедат и ќе информираат за тоа.
Во врска со обвинувањата од опозицијата дека Скопје не е безбеден град откако СДСМ е на власт, Спасовски рече дека фактите говорат нешто сосема друго.