Руска амбасада: Русофобијата станува алатка на македонската влада
Амбасадата на Руската Федерација преку својот Твитер-профил порача дека денешната изјава на македонскиот премиер ја става под прашалник искреноста на заложбите на македонската влада за градење добри односи со Русија, како и дека русофобијата е се повеќе алатка во надворешната, но и во внатрешната политика на Македонија.
Заев прашан за своите тврдења дека руски бизнисмени ги потпалувале протестите во Македонија, давајќи им пари на демонстрантите да прават насилства, посочи на добиените извештаи од разговорите во полицијата со дел од демонстрантите.
