Џафери: Собранието не може да биде заробеник на политичките партии
Собранието на Република Македонија попладнево со 62 гласа „за“ ја утврди потребата за донесување по скратена постапка на измени и дополнувања на Изборниот законик што се однесуваат на изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, врз основа на член 117, став 1 од Деловникот на Собранието на РМ, ја задолжи Комисијата за европски прашања, како што рече, како матично работно тело, и Законодавно правната комисија, да расправаат за законот. Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби засега не кажува кога ќе ја закаже седницата.
Во меѓувреме реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ барајќи да се повлечат предложените измени бидејќи се носат, како што рекоа, без консултации и поддршка од опозицијата.
Претседателот на парламентот пак тврди декадосега политичките партии тактизирале околу изборот на ДИК и со тоа се доведувало во прашање правото на граѓаните за договорот со Грцијада се изјаснат на референдум.
“Исправени пред ова, Собранието не може да биде заробеник на однесувањето на политичките партии по однос на обврските и надлежностите што ги има”, рече Џафери.
Со измените се предлага членовите на ДИК да се бираат со 61 пратеник, наместо со двотретинско мнозинство како што е сега.