Димитров: Ако има еден глас повеќе против Договорот со Грција ние ќе подадеме рака
Тој вели дека конечно на македонските граѓани имаат избор каква држава ќе биде Македонија.
„Пред големи историски дилеми граѓаните знаеле да го изберат правиот пат. Пред нас е избор меѓу минатото и иднината, стравот и надежта. Минатото е многу важно за нашиот идентитет, но не можеме да го смениме, можеме конечно на нашите граѓани да им понудиме избор каква држава ќе биде Македонија. Немаше поголема патриотска должност да ја создадеме оваа шанса и да им овозможиме на граѓаните да изберат. Сигурен сум дека ќе ја изберат иднината“, вели Димитров во интервјуто.
