Јанша не успеа да состави Влада, го враќа мандатот
Јанез Јанша, чија Словенечка демократска партија победи на парламентарните избори во Словенија во јуни, го информирал словенечкиот претседател Борут Пахор дека не успеал да добие доволно поддршка за формирање влада.
Тој вчера повика за формирање потенцијала коалиција на партии од десницата и центарот без три партии кои учествуваат во сегашната техничка влада на Миро Церар.
Јанша бараше предност во формирањето на идната коалиција да добијат двете најголеми партии во новиот состав на Парламентот, неговата Словенечка демократска партија (СДС) и Листата на Марјан Шарец.