Касами: Партиите мора да се договорат за да имаме успешен референдум
По завршувањето на лидерската средба, лидерот на БЕСА Билал Касами изјави дека тие ќе придонесат преговорите да завршат со договор меѓу партиите за да се формира ДИК и да има успешен и добро организран референдум.
„Државата е во многу критична состојба и во многу значајна позиција е сериозно да продолжи во процесот на евроинтеграции. Затоа го поздравуваме овој состанок. Интензивните преговори на политичките чинители се многу важни затоа ќе придонесеме активно овој процес на преговори да заврши со договарање меѓу политичките партии. ДИК да се формира, референдумот да биде успешен во насока на негова организација со цел да се отвори можност сите граѓани слободно да се изјаснат и да ја изразат својата волја се со цел Македонија еднаш засекогаш да стане членка на НАТО и ЕУ“, рече Касами.