Меркел: Не можеме да се потпреме на суперсилата САД
![Меркел: Не можеме да се потпреме на суперсилата САД](https://gdb.rferl.org/9178E999-C792-448A-BF7E-18C4C17E6179_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Германската канцеларка Ангела Меркел го оцени односот на Германија и САД како клучен и покрај минатонеделната изјава на претседателот Доналд Трамп дека Берлин е заробеник на Москва, објави Ројтерс.
На прашањето за нејзиниот однос со Трамп, Меркел рече дека „досегашните вообичаени односи сега се под притисок“.
Германската канцеларка ја поздрави поканата на Трамп до рускиот претседател Владимир Путин наесен во Вашингтон, со оценка дека средбите на лидерите на САД и Русија треба да бидат нешто нормално.
Но сепак, објави Ројтерс, Меркел на денешната прес-конференсија, изјави и дека била во право кога пред една година тврдела дека Европа повеќе не може да смета на САД кога станува збор за воспоставување ред во светот и дека е време ЕУ да ги преземе нештата во свои раце.
„Не можеме да се потпреме на суперсилата САД“, рече Меркел во Берлин.