ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме амнестија
![ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме амнестија](https://gdb.rferl.org/5876BCD8-08A9-4CBD-A72C-8ECEC1C6E6F6_cx8_cy24_cw76_w800_h450.jpg)
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ негира дека бара и преговара за амнестија и додава дека тоа е само манипулација на власта.
„Апсолутно е неточно дека ВМРО-ДПМНЕ бара и преговара некаква амнестија. Ваквите неточни брифирања од СДСМ се само обид да се дефокусира вниманието на јавноста од актуелните случувања поврзани со штетниот договор со Грција кој ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа. Треба да знаат и Заев и Шекеринска дека со ваквата оркестирана кампања, заоснована на невистини и шпекулации, на трикови, и двосмилени потези само ја оддалечуваат државата од каков било успешен исход од разговорите кои се започнати“, стои во соопштението на партијата.