Напад во автобус во германскиот град Либек
Германската полиција соопшти дека неколку луѓе се повредени во напад во полн автобус во Либек, како и дека напаѓачот е уапсен. Не беа соопштени повеќе детали. Портпаролот на полицијата изјави дека надлежните се обидуваат да ги утврдат околностите на нападот.