Десет ирански војници загинаа во судир со милитантите
Иранската новинска агенција Тасним денеска објави дека милитантите убиле десет војници од Исламскиот револуционерен гардиски корпус за време на ноќниот напад во близина на границата со Ирак.
Ова е најновиот смртоносен судир на територијата на Иран каде што се активни вооружени опозициони курдски групи. Според извори на Тасним во борбата се убиени и неколку напаѓачи “терористи” а во воздух бил кренат и магацин со оружје.
Иранската агенција Фарс јави дека во судирот настрадале ирански граничари.