Лавров и Нетанјаху разговарале за Сирија и Иран
![Лавров и Нетанјаху разговарале за Сирија и Иран](https://gdb.rferl.org/4C024302-4614-44A8-9421-0A4F590ACE06_w800_h450.jpg)
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Ерусалим разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за иранското присуство во Сирија. Претходно Нетанјаху изјави дека пред неколку денови рускиот претседател Владимир Путин побарал од него да се состане со висока руска делегација. Израелските медиуми јавија дека делегациите го разгледувале рускиот предлог според кој силите поврзани со Иран да бидат одалечени околу 100 километри од Голанската висорамнина, но оти Израел го отфрлил ваквиот предлог.