Ердоган: Духот на Хитлер се појави, Израел е расистичка и фашистичка земја
![Ердоган: Духот на Хитлер се појави, Израел е расистичка и фашистичка земја](https://gdb.rferl.org/DA93A198-D1E5-49AE-BDA9-4410CE7835AD_cx0_cy7_cw93_w800_h450.jpg)
Со израелскиот закон, според кој само Евреите имаат право на самоопределување, се дозволува експлоатација и покажува дека Израел е „најционистичката, фашистичка и расистичка земја“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави Ројтерс.
Тој во својот говор во Анкара, пред пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот, истакна дека „новиот израелски закон има за цел да продолжи со притисок и изолирање на Палестинците“.
Според Ердоган, „Израел се покажал како терористичка земја“, напаѓајќи ги Палестинците со тенкови и артилерија.
„Духот на Адолф Хитлер повторно се појави во некои од израелските лидери“, рече Ердоган.