Стотици исчезнати и непознат број загинати по уривање на брана во Лаос
Бројот на загинатите се уште не е познат, а стотици се водат како исчезнати по урнувањето на брана во Лаос, во Југоисточна Азија, јави АП, повикувајќи се на информациите од локалните медиуми.
Под налетот на водата од браната шест села се целосно уништени, а нивото на водата се зголемува секоја минута, јавуваат локалните медиуми.
Почната е голема акција за спасување, а локалните власти побараа од околните области да им помогнат со вода за пиење, лекови и храна.