Нова стратегија на ЕБРД за Македонија до крајот на годинава
![Нова стратегија на ЕБРД за Македонија до крајот на годинава](https://gdb.rferl.org/6384BC11-565C-45FA-946D-E7EB9F3854E1_w800_h450.jpg)
Новата стратегија на Европската банка за обнова и развој за Македонија се очекува да биде одобрена нон крајот на годината. За неа денеска разговараа тим на ЕБРД, предводен од Анка Иоана Ионеску, раководител на канцеларијата на банката во Македонија и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска.
На средбата е претставена новата нацрт-стратегија за Република Македонија за периодот 2018-2023 и се посочени клучните приоритети со цел да се воспоставикоординација со планираните активности на Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Со оглед дека една од целите на оваа стратегија е подобрена еколошка инфраструктура (вода, отпад и отпадни води) на локално и општинско ниво на состанокот е договорено Министерството до средината на август да даде свои коментари во однос на документот. Конечното одобрувањето наСтратегија, со што ќе започне нов циклус на финсиска поддршка во Македонија се очекува да се случи при крајот на годината, во тек на декември“, соопшти МЖСПП.