Ердоган контра Трамп, нема да ги прекине односите со Иран
Спротивно на независноста на една држава е да ги прекине односите со свој сосед и стратешки партнер затоа што тоа го бара САД, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, нагласувајќи дека се противи на барањата да ги прекине економските односи со Иран, објави АП.
„Кој ќе ја загрее мојата земја во текот на зимата?“, рече претседателот на Турција, која увезе три милиони тони сурова нафта од Иран само во првите четири месеци од годинава, што е 27 отсто од увозот на енергенси.
Американскиот претседател Доналд Трамп во мај објави дека САД ќе се повлечат од иранскиот нуклеарен договор и повторно ќе воведе санкции за Техеран, а неговата администрација им се закани со санкции на земјите кои нема да го запрат увозот на нафта од Иран до почетокот на ноември.