Си Џинпинг - Нема да има победници ако избие светска трговска војна
„Унилатерализмот и протекционизмот се засилуваат, задавајќи му силен удар на мултилатерализмот и на мултилатералниот трговски режим“, рече Си на отворањето на 10-тиот Самит на БРИКС во Јоханесбург.
Членки на БРИКС се растечките економии Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Трамп ја обвини Кина, покрај ЕУ, Канада, Мексико и други земји, за нефер трговски политики и се закани дека ќе воведе строги тарифи за увоз на нивните производи, ако тие не се согласат на нови трговски договори со САД. Дел од ограничувањата веќе се воведени.
На агендата на Самитот се и мировните операции, новите технологии и истражувањата на вакцините.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неколку африкански лидери се поканети да присуствуваат на Самитот. Во земјите од БРИКС живее повеќе од 40 проценти од светското население.
