Најмалку 80 загинати во пожарите во областа Атика
Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници.
Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, објавени пред да биде соопштено дека повредениот им подлегна на повредите, 79 лица го загубија животот во пожарите, а и понатаму е непознат бројот на исчезнати лица.
Околу 200 инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, веќе започнаа со регистрација на штетите на објекти во погодените населби од пожарот.
Паралелно во соработка со префектурата Атика, од улиците биле отстранети над 125 изгорени и уништени автомобили.
Грчкиот Центар за контрола и превенција на болести информира дека негови и психолози на противпожарна служба им стојат на располагање за пружање психолошка поддршка на лицата кои претрпеа материјални штети во пожарот или загубија членови на семејствата.
Центарот соопшти дека во погодените населби ќе испрати специјални мобилни единици од епидемиолози, лекари и медицински сестри за контрола и заштита на јавното здравје, а на располагање на лицата од овие подрачја им стојат психолози.