Вучиќ - Ако не го решиме Косово сега, за 40 години ќе го браниме Врање
„Не сакате разграничување со Албанците? Нема проблем, кажете им на луѓето да се подготвуваат да го браниме Врање по 40 години. Зарем не мислите дека нашите луѓе уште денес се иселуваат од таму“, изјави Вучиќ, коментирајќи го отвореното писмо на епископот рашко-призренски Теодсије во кое наведува дека поделбата на територии ќе доведе до иселување на Србите од Косово и до уништување на српското културно наследство.
Вучиќ истакна дека иста аргументација како епископот изнесуваат и големите сили и странските служби кои не сакаат етнички граници.
