Тројца израелци ранети со нож на Западниот брег
Тројца израелци биле ранети во напад со нож во една еврејска населба кај Рамала на Западниот брег, а напаѓачот бил убиен, соопшти израелската војска. Релативно затишје владееше на Западниот брег во изминатава година за разлика од ситуацијата на границата на Израел со другата палестинска територија, Појасот Газа, каде што палестинците масовно протестираат еднаш неделно од крајот на март.