Партијата на Имран Кан победи на изборите во Пакистан, но мора да формира коалиција
![Партијата на Имран Кан победи на изборите во Пакистан, но мора да формира коалиција](https://gdb.rferl.org/BD64907F-AA2C-428D-A266-148A6E11BCEA_w800_h450.jpg)
Официјалните резултати од парламентарните избори во Пакистан покажуваат дека идерот на партијата Техреек-е-Инфаф (ПТИ), Имран Кан, победи на изборите и освои најмалку 115 од 272 директно избрани места во националното Собрание. Но, со околу 90 проценти од преборените гласови, беше јасно дека ПТИ нема да ги освои потребните 137 места потребни за единствено парламентарно мнозинство.
Тоа значи дека ПТИ ќе мора да бара сојузници во законодавниот дом и доа формира коалициона влада. Според досегашните резултати, потребно е да бидат потврдени уште 7 места и со одложување на изборите на две избирачки места, официјален претставник од Пакистанската изборна комисија вели дека сегашната владејачка Пакистанска муслиманска лига – Наваз (ПМЛ-Н) на затворениот премиер Наваз Шариф, има обезбедено најмалку 63 пратенички места. На трето место е левичарската Пакистанска народна партија (ППП) со најмалку 43 пратенички места.